Времен сообраќаен режим на мостот „Гоце Делчев“. Како што информираат од Град Скопје, викендов, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе изведуваат градежни работи за санација и замена на дилатационата фуга на мостот „Гоце Делчев“ на страната што води од стоковната куќа „Мост“ кон зградата на Владата на Република Македонија.
Поради тоа, на дел од булеварот Гоце Делчев и на мостот „Гоце Делчев“ ќе се постави соодветна патна сигнализација и ќе се воведе времен сообраќаен режим.
Од Градот Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.