
Времето во Северна Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 21, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје, претпладне сончево и топло. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.
Во наредниот период ќе се задржи променливо време, претпладне сончево и топло време, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.