Временските непогоди во Кина усмртија над 60 луѓе

Обилните дождови коишто последните денови го погодија северот на Кина усмртиле најмалку 62 лица, покажуваат најновите податоци според коишто во една седмица само во главниот град Пекинг за трипати е зголемен бројот на жртвите.

Тајфунот Доксури, кој ослабе на ниво на бура откако мина низ соседните Филипини, минатата седмица погоди дел од Кина носејќи силни и обилни врнежи кои предизвикаа големи штети. Врнежите го погодија и североистокот на Кина, близу границите со Русија и Северна Кореја.

Особено е погодена престолнината Пекинг, каде се регистрирани најобилните врнежи во 140 години, како и во соседната покраина Хабеи. Во средата бројот на мртвите во Пекинг се зголемил на намалку 33 лица, а 18 луѓе се водат како исчезнати.

Во соседната покраина Хабеи најмалку 15 лица загинале во невремето, а на североистокот на Кина во големата житородна област загинале уште најмалку 14 луѓе.

Кинеските власти во петокот објавија дека природните катастрофи во целиот јули предизвикале најмалку 147 мртви и исчезнати. Овие жртви не се предозвикани исклучиво од тајфунот Доксури.

Во планиската југозападна покраина Сечуан најмалку седум лциа загинале во средата во порој кој ненадејно се појавил, според државната новинска агенција Xinhua. Десетина лица снимиле фотографии близу браната во популарното турустичко место Ја’ан кога биле однесени од силен порој, објави државната телевизија CCTV. Снимите прикажуваат луѓе како грчевито настојуваат да ја задржат главата над водата и притоа се слушаат нивни врисоци. Метоеролошката служба предупредува во средата на опасност од нови силни врнежи во оваа област.

Последните месеци Кина се соочува со екстремни метепролошки услови и температури, за кои некои научници тврдат дека се одоговорни климатски промени предизвикани од човековите активвноста.