Времето сочнево со пролетни температури

Сончево со локална облачност и релативно топло за овој период од годината ќе биде времето денеска во Македонија.

Според прогнозите, до среда ќе се задржи ваквото стабилно и суво време. Во вторник и во среда наутро ќе има магла по одделни котлини. Веќе од четврток ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад.

Температурите утре ќе се движат од -4 наутро до 16 степени преку ден.

Во Скопје слично време со минимална температура од -1 степен и дневна до 13 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно  по суви коловози. На повисоките и  осојничави места коловозите се наместа  влажни.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка 0 Струга -2 Кочани +1
Страцин +1 Ресен -3 Делчево -2
Куманово -1 Крушево  -2 Смојмирово /
Маџари -3 Кичево -3 Струмица -1
Тетово -3 М.Брод -3 Велес -1
П.Шапка -3 Буково -1 Неготино 0
Гостивар -4 Ѓавато -3 Д.Капија 0
Стража -2 Плетвар +2 Удово +3
Маврово -4 Пресека +1 Гевгелија +8
Дебар +1 Железнец 0 Кула -2
Битола +2 Штип +2 Петровец -3
Прилеп +1 Сарамзалино 0
Охрид -3 Павлешенци +2