Времето сончево, сообраќајот се одвива нормално

Времето во поголем дел од Македонија, денеска и утре ќе биде претежно сончево, а само во западните делови ќе има повремено зголемување на облачноста. На планините на северозапад ќе има и услови за провејување на слаб снег.

Утринските минусни температури во текот на денот ќе бележат пораст и ќе бидат во интервал од од три до 12 степени.

Под влијание на јужно струење во наредните денови дневните температури ќе бидат релативно високи. В среда облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд во западните делови ќе има во текот на ноќта кон четврток и во четврток претпладне.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)
К.Паланка+1Струга+5Кочани0
Страцин+4Ресен+6Делчево-3
Куманово-1Крушево/Смојмирово-3
Маџари-4Кичево+4Струмица-1
Тетово-3М.Брод-2Велес+2
П.Шапка-4Буково+2Неготино+2
Гостивар-2Ѓавато+6Д.Капија+5
Стража+1Плетвар+3Удово+5
Маврово+3Пресека+4Гевгелија/
Дебар/Железнец+5Кула+1
Битола+4Штип+2Петровец-4
Прилеп+2Сарамзалино+2
Охрид+6Павлешенци0