Времето студено со минусни температури, сообраќајот се одвива нормално

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.

До крајот на работната недела следува период на претежно сончево, суво и студено време со слаб до умерен северен ветер. Утрата ќе бидат најстудени во четврток и петок. За време на викендот се очекува ново зголемување на облачноста проследено со повремено засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег, особено во западните и северните делови.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по на места влажни коловози. На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)ПУНКТТ(°C)
К.Паланка-2Струга-6Кочани-1
Страцин-4Ресен-4Делчево-1
Куманово-2Крушево-4Смојмирово-5
Маџари0Кичево-4Струмица-3
Тетово    -3М.Брод-7Велес-1
П.Шапка-13Буково-9Неготино-3
Гостивар-4Ѓавато-7Д.Капија-2
Стража-9Плетвар-4Удово-4
Маврово-8Пресека-8Гевгелија/
Дебар-5Железнец-7Кула-2
Битола-1Штип-3Петровец0
Прилеп-3Сарамзалино-2
Охрид-5Павлешенци-2