Украинскиот парламент не ја прифати оставката на Александар Турчинов како претседател на Врховната Рада, пренесе „УНН“. Предлогот беше поддржан само од двајца пратеници.
Турчинов самоиницијативно поднесе оставка, откако потсети дека претходно неколку пратеници предлагале тој да биде разрешен од претседателското место.
„Дајте некој предлог, ако имате… Немате ли?. Тогаш јас имам, предлогам моја оставка“, рекол Турчинов.