Американскиот Врховен суд во понеделникот се согласи да ја разгледува тужбата за авторските права поради фразата „Трамп премногу мал“ користена за исмејување на поранешниот претседател.
Случајот произлегува од обидите на калифорнискиот адвоката Стив Елстер да ја заштити сексуално сугестивната фраза и да ја отпечати на маици.
Барањето на Елстер да го регистрира „Трамп премал“ беше одбиен од Американското биро за патенти и печати, бидејќи немал писмена согласност од Доналд Трамп за користење на неговото име.
Федералниот апелациски суд не се согласи со тоа, пресудувајќи дека тоа претставува кршење на правата на Елстер на слобода на говорот што го гарантира првиот амандман од американскиот устав.
Американските медиуми забележуваат дека помалку е иронично, што токму администрацијата на сегашниот претседател Џо Бајден, во името на Бирото за патенти и печати, се жалела пред Врховниот суд.
Правниот застапник на Елстер накусо вели дека изразот е „политички коментар“ и иако вклучува двојна смисла, неговата цел е да се пренесе гледиштето на неговиот клиент за „маленкоста на севкупниот пристап на Доналд Трамп во управувањето како претседател на Соединетите држави“.
Фразата „Трамп премал“ произлегува од републиканските претседателски предизбори во 2016 година кога сенаторот Марко Рубио од Флорида изјави дека Трамп има „мали раце“ и „знаете што се вели за мажите со мали раце“.
Трамп, кој Рубио во текот на таа кампања често го нарекуваше „малиот Марко“, изјави „Мислел на моите раце. Ако се мали, нешто друго мора да биде мало, Во гарантирам дека нема проблеми“.
Врховниот суд ќе расправа за предметот во текот на постапката којашто ќе започне во октомври.