Врховниот суд на Мексико го декриминализираше абортусот низ целата земја

Врховниот суд на Мексико во средата го декриминализираше абортусот на национално ниво, пресудувајќи дека е неуставно да се наметнуваат затворски казни за прекинување на бременоста.

Судот му нареди на парламентот да ги отстрани од кривичниот законик казните кои беа во сила од 1931 година. Криминализирањето на абортусот ги крши човековите права на жените, соопшти Врховниот суд.

Во 2021 година, Врховниот суд ја прогласи апсолутната забрана за абортус за неуставна. Сепак, кривичниот законик сè уште предвидува затворски казни до пет години за абортус. Инволвираните лекари во таквиот зафат може да се соочат и со затворска казна.

Правата за абортус не се единствени низ Мексико, земја со 126 милиони жители. Абортусот е казнив во 20 од 32 сојузни држави, а во некои држави е дозволен само во посебни случаи, како пто се силување или доколку животот на мајката е во опасност.

Тужбата за декриминализација на национално ниво до Врховниот суд ја поднесе граѓанската организација GIRE. По пресудата, јавните болници низ целата земја сега мора да го обезбедат и правото на бесплатен абортус.