Откако минатата седмица ја поништи важната пресудата без преседан од 1973 година со кој на сојузно ниво е дозволено правото на прекин на бременоста, Врховниот суд на САД во четвртокот ги отфрли пресудите на пониските судови кои поништија три закона за абортусот на државно ниво.
Сите три закона, од сојузните држави Аризона, Арканзас и Индијана, беа блокирани од пониските судови врз основа на пресудата од случајот „Роу против Вејд“ од 1973 година со кој на сојузно ниво е дозволено правото на прекин на бременоста, и дополнителната пресуда од 1992 година којашто повторно тоа го потврдила.
Таа дополнителна пресуда, позната како „Планирано родителство против Кејси“, е поништена во рамките на судската пресуда од 24-ти јуни, со кои е поддржан законот од сојузната држава Мисисипи кој го забранува абортусот по 15-та седмица од бременоста.
Судот во четвртокот ја поништи пресудата со којашто е блокиран законот во Аризона. Со тој закон се забранува изведувањето на абортусот поради фетални генетски аномалии како Дауновиот синдром.
Врховниот суд го стори истото со сличниот закон во Арканзас кој забранува абортус поради Даунов синдром, и со жалбата којашто ја поднесе Индијана. Ова сојузна држава побара да се прошири државниот закон кој бара да бидат известени родителите на малолетнички кои сакале да абортираат.