Областите во Србија, кои пред повеќе од еден месец беа погодени од катастрофални поплави се преполни со комарци.
Речиси и да не постои место во Србија каде што не е забележано зголемено присуство на комарци, пренесува српски Блиц. Комарците се намножиле во барите создадени по повлекувањето на водата, а во прилог им одат и временските услови, односно комбинацијата на дожд и влага и високите температури.
Поради тешката ситуација со комарците, во некои делови од Србија прогласена е вонредна состојба.