Денес не очекува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Пообилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува да наврнат нови 15 литри на метар квадратен.
По одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови ќе има кратки сончеви периоди.
Температурите ќе се движат околу 5 степени Целзиусови.