Со врвка од патика се обидел да се самоубие на пат до полициска станица

куманово

При транспортот во службеното Патничко возило , Б.Ѓ. со врвката од патиката се обидел да се самоубие, но бил забележан од полицискиот службеник и спречен во намерата.

Бидејќи изгубил свест, со возило на Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Општа болница Куманово, каде утврдиле дека имал краток застој на циркулација на крв низ телото (главата). Веднаш потоа во безсвесна состојба бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.