Врвни американски шпиони ги објаснуваат украинските „биолаборатории“

Шефовите на американските разузнавачки агенции ги отфрлија наводите за истражување и развој на биооружје што се одвива во Украина заедно со Вашингтон за време на сослушувањата во Сенатот во четвртокот, јавува Раша тудеј.

Директорката на Националното разузнавање Аврил Хејнс изјави пред Комитетот за разузнавање на Сенатот дека Украина „оперира малку повеќе од десетина“, признавајќи дека САД „им пружиле помош“ на објектите барем во минатото. Речената „помош“ дојде само „во контекст на биобезбедноста“, тврди таа.

Слична изјава беше дадена за време на сослушувањата на директорот на ЦИА и поранешен американски амбасадор во Москва, Вилијам Барнс. Шефот на ЦИА категорично ја обвини Русија дека самата поседува биолошко и хемиско оружје, сугерирајќи дека новите наводи дошле како увертира за „операции со лажно знаме“ со незаконското оружје.

РусијаДенес