Врвот на заразата се очекува во април, доктор Трајковски со загрижувачка прогноза

Дневните бројки на заболени од КОВИД 19 ќе растат уште две недели, а во почетокот  на април се очекува овој бран да го достигне врвот. Тоа ќе трае десетина дена, а  од средината на следниот месец,  бројот на позитивни  ќе се  намалуваат, вели за Телма универзитетскиот професор д-р Дејан Трајковски во најновата математичко статстичка-анализа за епидемиолошката состојба во земјава.

-Доколку се остане вака како што е од сегашните просечно 780 нови случаи на ден. во пикот би имале 1.100 во просек, со тоа што во одредени денови би имале и по 1300 и 1400 нови случаи. Но, може да биде проблем ограниченото тестирање. Моментално гледаме се процесираат 4400 тестирања на ден, а за да моижеме да ги регистрираме сите нови случаи треба да се прават по 5000 тестирања на ден, што не е јасно дали ќе се постигне, вели проф. д-р Дејан Трајковски, професор на техничкиот факултет во Битола.

Тој додаде дека британскиот сој на вирусот е попренослив, но не резултира со огромни бројки поради поголемиот степен на прележан