Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања втор ден на онлајн средба се обидува да постигне напредок за отворените прашања.
Премиерот Заев вчера навести дека е постигнат напредок по првиот ден од разговорите меѓу историчарите, односно дека двете страни биле на добар пат да усвојат 11 записници.
Тој најави дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во комисијата за историски прашања.
За епилогот од 11 средба, се очекува попладнево на прес-конференција да реферираат првите луѓе на мешовитата комисија, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров.
Двајцата во пресрет на средбата испратија остри тонови еден кон друг, откако бугарскиот историчар оцени дека Бугарија имала единствена позиција за историските прашања, за разлика од Македонија, каде политичарите и историчарите имале различни гледишта.