Втор ден по ред рекорден број починати во пaндемијата во Русија

Русија во средата, втор ден по ред, забележала рекорден број починати од коронавирусот, а земјата е силно погодена од делта варијантата на вирусот.

Според нановите податоци за последното деноноќие, 669 луѓе починале како последица од Covid-19, повеќе од 652 смртни случаи ден претходно. Најтешко се погодени најголемите градови во земјата, Москва со 117 и Санкт Петербург со 111 починати.

Властите на главниот град Москва повторно воведоа рестрикции и работа од дома, и задолжително вакцинирање за сите вработени во секторот услуги и воведе здравствени пропусници за влегување во локалоите.

Во цела Русија регистрирани се 21.042 новозаразени лица во последните 24 часа, односно вкупно 5,5 милиони од почетокот на пандемијата.

Според податоците на министерството за здравство починати се вкупно 135.214 заразени со коронавирусот. Но статистичката агенција Росстат води поширока дефиниција на смртноста во три категории кои се можеби поврзани со Covid-19, и според неа до крајот на април починале 270.000 лица. Конечните бројки ќе бидат ревидирани по детални испитувања, откако во земјата ќе биде прогласен конечен крај на епидемијата.

Според овие податоци, Русија во моментов е најпогодената европска земја со Covid-19, додека кампањата на вакцинирање тече бавно поради одбивноста на Русите кон вакцинирањето. Владата во вторникот потврди дека е недостижна целта до есетна да бидат вакцинирано 60 отсто од населението.

Меѓутоа, анкетата на институтот за истражување на јавното мнение ВЦИОМ објавена во средата покажува дека повеќе од половината, или 54 отсто од Русите би се вакцинирале со една од четирите домашни вакцини против коронавирусто, а од нив 19 отсто веќе биле вакцинирани. Сѐ уште е висок процентот на оние кои не би се вакцинирале со ниедна вакцина – 42 отсто, од кои 27 рекле дека „дефинитивно“ го задржуваат тој став, додека 15 проценти можеби и би се премислиле.

Околу 22,7 милиони луѓе од 146 милионското населние промиле најмалку една доза, додека повеќе од 16 милиони се вакцинирани со двете дози, според неофицијалните податоци.