![nantes](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/nantes.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Фудбалерите на водечкиот состав во француското првенство Пари Сен Жермен го доживеаја во средата вечерта вториот последователен првенствен пораз, и тоа со 2:3 на гостувањето кај Нант.
Париските „Светци“ викендов доживеаја вистинска бламажа кај Лил со поразот од 1:5, а претходно одиграа 2:2 дома со Стразбур, а и тогаш како и вечерва во Нант, можеа и математички да ја обезбедат новата титула.
ПСЖ поведе со прекрасен гол на Дани Алвеш во 19 минтуа, на Нант направи пресврт со головите на Диего Карлос Сантос Силва во 22 и 52 минута, и на Абдул Маџид Вари во 44 минута, а гостите успеаја само да намалт со голот на Метехан Ѓучлу во 89 минута.
За ПСЖ на овој меч не настапи нивниот најдобар фудбалер Килиан Мбапе, кој е супсендиран поради критикување на тренерот и соиграчите.
ПСЖ останува неприкосновен на врвот со 81 бод, пред Лил кој има 64 и Лион со 56 бодови. Нант, пак, дојде до важни бодови во настојувањата да се оддалечи од зоната на испаѓање, сега е 14-ти со 37 бодови, сега 12 повеќе од местото кое води во доигрување за опстаник во лигата.