Второ издание на културно-научната манифестација „Светлината на Гонџе“

Второто издание на традиционалната културно-научна манифестација „Светлината на Гонџе“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје.

Манифестацијата, како што соопшти Институтот, се совпаѓа со 112-годишнината од раѓањето и 25-годишнината од смртта на Мајка Тереза.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на централниот плоштад во Скопје, при што ќе биде промовирано истоименото списание.