Вучиќ: „Две земји“ се залагаат Охридскиот договор да биде дел од преговарачкото поглавје на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека постои можност Охридскиот договор да стане дел од преговарачкото поглавје 35, а со тоа и услов за прием на Србија во Европската Унија, но дека јасно кажал што не може да прифати.

„Прво, да видиме што ќе биде, бидејќи не можат да игнорираат нешто за кое разговарале со мене. После секоја нивна посета, после самиот Охрид, излегував и јасно кажував што прифаќаме, а што не, бидејќи дури и мојата устна експлицитна изјава е став на државата и не може да се отфрли“, изјави Вучиќ во интервју за НИН.

Тој додаде дека во Собранието на Србија им рекол на пратениците дека приемот на Косово во Обединетите нации не доаѓа предвид. – За ова се сретнав со Французите, Германците, Италијанците, сите Европејци, Американците, сите знаат се, вели српскиот претседател.

Тој рече дека постои можност Охридскиот договор да стане дел од преговарачкиот процес.

– Некои од нив го сакаат тоа. Не е мое сега да кажам кои две земји силно го туркаат тоа, не сум сигурен дали и другите го сакаат тоа, па ќе видиме, рече Вучиќ.