Вучиќ: Не сме во конфликт со никого, но не можеме да дозволиме некој да ја шпиунира нашата армија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија не е во конфликт со никого, но дека не може да дозволи некој да ги шпионира нејзините вооружени сили.

По повод вчерашното соборување беспилотно летало над воени објекти кај Рашка, Вучиќ изјави дека не е првпат такво летало да биде забележано над касарната на Војската на Србија.

„Ги забележавме неколку дена претходно, а потоа ги предупредивме. Овој вид на извидување и незаконско разузнавање претставува еден вид агресија врз суверена земја“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека по повод тој инцидент „веднаш се гледа здружена активност против Србија“ и дека „работат на тоа“ за да се утврди кој го испратил дронот што беше соборен над Рашка.

„Тие користат комерцијални дронови, мислејќи дека на овој начин нема да се утврди кој е сопственик и сторител на незаконски дејствија. Се друго лесно би се утврдило врз основа на воените елементи на кои им припаѓа. Мислам дека целиот свет знае кој што направил во Балтичкото Море во врска со Северен поток, па сите се прават наивни. Да се ​​правиме и ние наивни“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека дронови на НАТО Скајларк „вчера цел ден летаа околу Брњак и Јариње“.