Вучиќ повторно на Ана Брнабиќ ѝ го даде мандатот се составување на српската влада

FOTO TANJUG/ ZORAN ZESTIC/ nr

Актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ во понеделникот вечерта доби од претседателот Александар Вучиќ уште еден мандат да ја води идната влада во Белград.

„Мислам дека тоа е добар избор, дека таа својата работа ќе ја извршува сериозно и одговорно“, изјави Вучиќ во телевизиското обраќање.

Владата ќе има две нови министерства – за човекови права, родова рамноправност и оштествен дијалог, како и министерство за грижа за семејството, децата и демографијата.

Вучиќ притоа од Брнабиќ побара во владата 50 отсто да бидат застапени жените „за и на дело, а не само на зборови, да се потврди дека функционира рамноправноста на половите“.

Како најголеми предизвици ги наведе решавањето на косовскиот проблем и епидемијата на коронавирусот. Вучиќ рече и дека е убеден дека Србија ќе обезбеди економска стабилност и подобар животен стандард са своите граѓани.

„Нашата цел е да се одржи економската сила на Србија, да расте животниот стандард, да имаме доволно финансиски резерви“, рече Вучиќ и нанави дека ќе се задржи трендот на зголемување на пензиите и платите, со продолжување на големите инфраструктурни проекти.

Вучиќ рече и дека коалицискиот партнер во власта на неговата Српска напредна партија (СНС) во новата влада ќе биде познат „за пет до седум дена“.