Претседателот и кандидат на Српската народна странка, СНС, Александар Вучиќ, синоќа соопшти дека, според податоците на неговата партија, тој освоил меѓу 59,9 и 60,1 отсто од гласовите во првиот круг на изборите за претседател. Тој изјави дека добил 2,245 милиони гласови, што е многу повеќе во споредба со други, поранешни избори за претседател во Србија.
„Горд сум што успеав на направам, нешто што никој досега не успеал“, изјави Вучиќ и додаде дека дека Томислав Николиќ и Борис Тадиќ во првиот круг имале околу 950.000 и 850.000 гласови.
Вучиќ рече дека е најважно државата да има добри односи во регионот и да го продолжи својот европски пат и добри односи со традиционалните пријатели.
Според него, листата на неговата партија Заедно можеме, освоила 44 oтсто гласови, што е околу 124-125 мандати во парламентот. Коалицијата НАДА освои 5,3 отсто, МОраме 4,7 отсто, Заветници и Двери по 3,8 отсто, а Радикалите и Суверенистите 2,2, односно 2,3 отсто. Листата „Борис Тадиќ-Ајде луѓе, освои 1,6 отсто, а СВМ 1,55 отсто. Заедно за Војводина 0,65, Албанска долина 0,3, додека 0,5 отсто освои Партијата за правда и помирување.