Владата вечерва соопшти дека утре ќе се случи примопредавањето на првата пратка од вакцините од Србија.
Настанот ќе се случи на граничниот премин Табановце, каде премиерот Зоран Заев со нашата делегација ќе ја пречека српската предводена од претседателот Александар Вучиќ.
Станува збор за првата пратка од 4 000 вакцини од производителот „Фајзер“. Вкупно, од Србија, земјава треба да набави 8 000 вакцини.
Пристигнувањето на вакцините беше најавено за во четвртокот, но поради усогласување на техничката документација настанот се одложи. Тогаш, властите и во Скопје и во Белград излегоа со слична аргументација за одложувањето.
Она што го закочи примопредавањето, како што објаснуваа надлежните, е добивањето согласност од „Фајзер“ кон Србија за да може да ги препродаде или донира вакцините.
„Се работи за подготовка на техничката документација од ’Фајзер‘ кон Србија за реекспорт или донација. Целта е да стигнат прво овие 4 000 вакцини, па после и другите 4 000. Раководството на Србија, претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ, сакаат час поскоро да го направат тоа, затоа вака излегоа во најава. Првиот дел беше договорот каде што се забранува реекспорт, односно препродавање на друга земја, па одлучија да го донираат само да почне целиот процес. Но, за жал, сè уште ги чекаме овие одобрувања од ’Фајзер‘“,