Вучиќ за одлуката на Црна Гора : Ние во таа кал нема да влегуваме

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ нема сомнеж дека одлуката на Црна Гора од први јуни да не ги отвора границите со Србија е политичка, но истакна дека Србија нема да ги затвори своите граници.

„Ние во таа кал нема да влегуваме“ , им рече Вучиќ на новинарите.

„ Јасно ми беше од првиот момент дека таа одлука е политичка и уверен сум дека ќе се менува, не затоа што ќе почнат да ја сакаат повеќе Србијам туку затоа што нивните интереси ќе го бараат тоа и сигурен сум дека ќе бараат доволна причина да ја променат “ , рече Вучиќ.