Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе отпатува во понеделникот во нова посета на Русија, каде треба да се сретне со рускиот колега по должност Владимир Путин.
Се очекува Путин и Вучиќ да разговараат за воената соработка, по неодамнешната испорака од Русија на шест борбени авиони „МиГ-29“ на Србија, како и за планираната набавка на ракетни системи „Бук-2“ и „Панцир“.
Според Танјуг, двајцата претседатели ќе разговараат и за економската соработка и изградбата на гасоводот Турски тек.