Вучиќ најави инвестициски циклус во Србија вреден 10 милијарди евра

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека до крајот на годианва ќе го започне досега најголемиот инвестициски и развоен циклус на државно ниво, ввреден пет до десет милијарди евра, кој ќе трае четири до пет години.

Инвестицискиот циклус подразбира прокети за развој на цела Србија, рече Вучиќ пред новинарите во неделата во текот на посетата на градилиштето на проектот Белград на вода (БНВ).

Овој проект го води инвеститори од Обединетите Арапски Емирати, со договорот потпишан во 2016 година со владата на Србија ќе биде сопственик на третина од капиталот на БНВ, кој е прогласен за проект од национална важност и „значително ќе ја придвижи српската економија и ќе ја ангажира градежната индустрија“.

Најавувајќи го новиот инвестициски циклус, Вучиќ рекол дека парите вложени во големите и капитални инфраструктурни проекти со очекување дека овие вложувања ќе го подигнат економскиот раст на земјта за повеќе од пет или шест отсто.

„Разговарав денеска со претседателката на владата (Ана Брнабиќ) и со министерот за финансии (Синиша Мали), и пред Нова година ќе излеземе со нов предлог за голем, досега најголем, инвестициски план за развој и напредок на Србија. Сега иомапа првпат можност тоа да го сториме“, рекол Вучиќ.

Српскиот претседател во рамките на петгодишниот државен план најави вложувања во завршување на железничкиот и патниот Коридор 10, изградба на метро во Белград, градење каналиациска мрежа и простистувачи за вода „и сѐ друго во што заостануваме зад западна Европа“.

Вучиќ порача дека во следниот период Србија ќе работи со стите важни светски институции во поглед на формирање инвестициски план кој ќе биде унедливо најголем во поновата историја на земјата и којшто, како што тој верува, потполно ќе го реши проблемот со невработеноста.

„Кој и да минува низ Србија и низ Белград, ќе знае, како ова е направено и во чие време“, рекол Вучиќ.

Истакнувајќи дека економските резултати во Србија „никогаш не биле подобри“, Вучиќ најави дека државниот буџет повторни ќе биде во суфицит, и покрај големите расходи поради враќањето на долговите стари десет години.