Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека очекува „тешка есен“ што се однесува на косовскиот прашање. Тој смета дека „Западот се обидува да го забрза решавањето на проблемот“.
Вучиќ повтори дека решението нема да биде можно ако Србија не добие ништо. Додаде дека им рекол на сите соговорници од меѓународната заедница дека нема да има решение ако некој мисли дека Србија треба да се потчини. Зборувајќи за фактот дека петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН ги смениле амбасадорите во Белград и поврзаноста на нивните одлуки со косовското прашање, Вучиќ изјави дека тие „сигурно не дошле да ја контролираат промената на климата во Србија“.