
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше во куќата на семејството на Шаулиќ за да изрази сочувство за смртта на познатиот пејач, пренесуваат српските медиуми.
Во негова придружба биле и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и министерот за одбрана Александар Вулин.
Шабан Шаулиќ го изгуби животот во тешка сообраќајна несреќа на 17 февруари на 67 годишна возраст.