Вучиќ во дводневна посета на Турција

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе замине во дводневна посета на Турција каде што ќе се сретне со шефот на турската држава Реџеп Таип Ердоган.

Посетата беше договорено на крајот на март, кога Вучиќ и Ердоган разговараа телефонски по инцидентот на Косово и апсењето на Марко Ѓуриќ . Шефот на турската држава тогаш рече дека високо ја цени ладнокрвната и мудра реакција на Вучиќ и српската влада.

Двајцата претседатели тогаш истакнаа дека билатералните односи и понатаму се во пораст и очекуваат уште поблиска соработка.

Ова беше потврдено и со вчерашната изјава од кабинетот на Ердоган, во која се истакнува дека во рамките на посетата ќе се одржи првиот состанок на Високиот совет за соработка меѓу двете земји, дека на состаноците ќе се разговара за билатералните односи меѓу Србија и Турција кои ќе придонесат за регионот, како и чекорите кои треба да се преземат за да се зајакнат односите.