Вугринец доби дозвола да игра за Македонија

Десниот бек на македонскиот ракометен шампион Металург, Словенецот Ренато Вугринец, кој неодамна доби македонски пасош, во иднина и официјално ќе може да настапува за македонската ракометна репрезентација.

Тој доби дозвола од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), а истата  во официјален допис до РФМ  потврди:

„На барање на Македонската ракометна федерација, Извршниот комитет на ИХФ, разгледувајќи ги сите околности околу играчот Ренато Вугринец, согледа дека тој ги исполнува сите услови за право на настап во репрезентацијата на Македонија. Тој веднаш има право за настап во националниот тим на Македонија“