Фудбалерите на Вулверхемптон и Лестер Сити одиграа без голови во петокот вечерта на отворањето на 26-то коло од англиското фудбалско првенство/
Во натпреварот одигран во Вулверхемптон, домашните не успеаја да ја материјализираат и предноста од играч повеќе во последните дваесетина минути, откако во 76 минута беше исклучен Хамза Чаудри.
Лестер има 50 бодови и натаму се одржува на третото место на табелата еден помалку со бод повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, додека на врвот е Ливерпул со 73 бодови. Вилверхемптон е седми со 36 бодови.
Претходно во ова коло минатиот викенд играа Евертон – Кристал Палас 3:1, Брајтон – Вотфорд 1:1 и Шефилд Јунајтед – Борнмут 2:1.
Во сабота играат Саутемптон – Барнли, Норич Сити – Ливепрул, а во недела Астон Вила = Тотенхем, Арсенла – Њукасл. Колото продолжува во понеделник со дербито меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, а во вторникот ќе го заокружат Манчестер Сити и Вест Хем Јунајтед.