Xiaomi го покажа првиот флексибилен паметен телефон

Кинеската технолошка компанија „Xiaomi“ го покажа својот прв флексибилен паметен телефон, а видеото на својот профил на социјалната мрежа Weibo го објави претседателот и соосновач на компанијата Лин Бин.

На објавената снимка Лин гледа на екранот на уредот видео во исправена положба. Потоа го превртува телефонот и ги свиткува страните на паметниот уредот. Интерфејсот автоматски се прилагодува на активниот дел од екранот.

Според челникот на компанијата, овој паметен телефон ќе биде првиот мобилен уред со двојна преклопна технологија. Во „Xiaomi“ успеале да го адаптираат за моделот додатокот MIUI и да создадат еластични екран и тело. Новитетот ги комбинира функциите на таблет и мобилен телефон.

Овој паметен телефон уште не го добил називот, а меѓу можните опции се споменуваат Xiaomi Dual Flex и Xiaomi MIX Flex.