За 24 часа во Скопје: 6 сообраќајки, 6 лица повредени

сообраќајки

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала пет возачи кои се исклучени од сообраќај поради управување возило под дејство на алкохол, а еден возач не отстапил првенство на минување на возилата во зона на крстосница.

Санкционирани се и 20 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и пет возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 52 возила.