Влошена е бизнис климата во земјава, сметаат речиси 40% од анкетираните 600 компании, покажува истражувањето на УСАИД. Дека има подобрување оценуваат само за 13 отсто, додека 36 % се изјасниле дека е се непроменета, во однос на минатата година. Еден од најголемите проблеми за водење бизнис е сивата економија и правната несигурност. Подобрувања се потребни во регулативата за даноци, инспекцискиот надзор, јавните набавки и работните односи, смета бизнисот.
Повеќе од половина од компаниите изјавиле дека не се задоволни од трудовото право, 80% не се задоволни од правната регулатива во градежништвото и вадењето дозволи. Слични бројки има и во областа на царината, како и во даночната политика.
Компаниите сметаат дека мерката опомена – па казна дава резултати. Над половина од фирмите добиле опомена, а глоба платиле 28 оттсо од нив. Сепак, проблем им е инсистирањето на инспекторите да се најдат неправилности, непрофесионалното однесување и курупцијата.
Најмногу компаниите ги посетувале инпекторите од УЈП, Државниот инспекторат за труд и пазарниот инспекторат. Подобрување за бзинисот има во вклученоста во носењето законски измени во бизнис регулативата, како и во соработката со стопанските комори и нивната зголемена активност во застапување на низнис интересите. Инаку истражувањето се прави четврта година по ред, а опфатени се компании од различни дрејности и со различна големина.