Демократскиот сојуз ја истакнива потребата да се измени Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, со што ќе оневозможи блокада на носењето на закони.
-Предлагаме амадманската расправа да не може да трае подолго од 10 дена, освен кога се работи за закони со кои се регулират прашања сврзани со националниот идентитет и јазикот, како и законите со кои се создаваат финансиски обврски.
Праксата покажа дека секој пратеник со неограничен број амадмани може да блокира донесување на закони и во суштина да го блокира Парлментот.
Во сите парламентарни демократии, мнозинство на пратеници носат закони, а во никој случај пратеник или пратеничка група не можат со поднесување илјадници амадмани да блокират донесување на закон.
Демократскиот сојуз во оваа насока ќе иницира промена на Деловникот за работа на Собранието – се вели во соопштението на Демократски сојуз.