За добар секс ви треба само ова…

Според анкетата спроведена во Пенсилванија, дури 78 отсто од жените сметаат дека за добар секс неопходни се обострани чувства.

Не тврдиме дека понекогаш и незадолжителна акција не може да биде добра ако тоа навистина го посакувате, но според мислењето на испитаните дами, секс-комбинацијата не може емотивно да ве задоволи. Само 18 отсто сметаат дека обостраните чувства не се важни за бомбастичен секс.

Во анкетата учевствувале 95 жени на возраст од 20 до 68 години, а најголем дел од нив 78 отсто изјавиле дека љубовта е основа за фантастичен секс. Тие велат дека кога навистина чувствувате нешто спрема партнерот, тогаш сте позаинтересирани да ја истражувате својата сексуалност и во тоа повеќе да уживате.

„Врската меѓу љубовта и сексот покажува дека жените главно го гледаат сексот како начин да ја изразат својата љубов,“ велат стручњаците.