За еден ден во Грција спасени 260 бегалци и мигранти и уапсени 6 криумчари

Во седум одвоени случаи во текот на вчерашниот ден грчката крајбрежна служба пронашла и спасила чамци со вкупно 260 бегалци и мигранти, а биле уапсени шест криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните соопштенија од грчката крајбрежна служба, во текот на вчерашниот ден биле регистрирани седум случаи на чамци со мигранти и бегалци лоцирани во близина на островите Лезбос и Кос и градот Александруполи.

Бројот на лица во чамците се движел меѓу 23 и 43.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пак, објави дека во изминатите 24 часа во 10 различни случаи крајбрежната служба спасила 400 бегалци и мигранти, а уапсила тројца криумчари.