Во период од четири седмици во Македонија починале 480 лица заразени со Ковид-19. Од нив 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, соопшти Министерството за здравство.
-Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство, велат од МЗ.
Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 2 септември.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
Во државата вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.
Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.