Позната македонска веледрогерија можела и сè уште може да увезе 2,5 милиони дози вакцини „Фајзер”, дознава порталот Плусинфо.
Веледрогеријата може да ги увезе вакцините по цена од 30 евра за една доза, или вкупно 75 милиони евра.
Веледрогеријата е спремна да го обезбеди плаќањето преку сопствен партнер во банкарскиот сектор.
Во случај да постои спремност за ова, вакцините на „Фајзер” преку оваа веледрогерија би стасале во рок од една недела, тврди нашиот извор.