За Франција непожелна е британската министерка на состаникот за мигрантската криза

Франција на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател ѝ порачала дека повеќе не важи поканата за состанокот за мигрантската криза во каналот Ла Манш, откако британскиот премиер го критикуваше начинот на кој Париз се справува со состојбата на теренот, соопшти во петокот француската влада.

Француската влада е навредена од писмото коешто во четвртокот британскиот премиер Борис Џонсон му го упатил на францускиот претседател Емануел Макрон. Извори блиски на министерот за внатрешни работи Жерлад Дарманен за медиумите го оцениле писмото како „неприфатливо и спротивно на духот на разговорите меѓу партнерите“.

Британските и француските функционери од средата меѓусебно се обвинуваат откако 27 мигранти се удавија во каналот Ла Манш во обидот да допловат до британскиот брег, што е најголемата несреќа во која смртно страдаат мигрантите а која се случи во каналот меѓу двете земји.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е „шокиран и згрозен“ од смртта на мигрантите и апелираше Франција да стори повеќе за да ги одбие мигрантите од обидот за минување на каналот. Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, изјави дека Лондон треба да престане да го политизира ова прашање за домашни потреби, додека неговиот министер за внатрешни работи Жерлад Дерманен рече дека и Велика Британија би требала да биде дел оид одговорот.

„Дарманен на својата колешка Пател ѝ кажа дека повеќе не е добредојдена“, изјави портпаролот на франциската влада.

Лондон одговори дека се надева оти Париз ќе се премисли, бидејќи „ниту една нација со тоа не може да се справува самата“.

Британија последните седмици ги обвини француските власти дека ништо не преземаат додека илјадници миграти го напуштаат францускиот брег. Париз ги отфрла таквите обвинувања. „Франција нема да дозволи Каналот да стане гробница“, изјави во четвртокот францускиот претседател Макрон.

Повеќе мигранти отколку вообичаено во средата запловиле од францискиот брег сакајќи да го искористат мирното море, наведуваат локалните рибари, иако водата е многу студена.

Каналот Ла Манш, или Англискиот канал, како што го нарекуваат во Британија, е еден од најфреквентните бродски правци а струите таму се многу силни. Трговците со луѓе обично ги преоптоваруваат гумените чамци со кои ги пренесуваат мигрантите меѓу Франција и Англија оставајќи ги одвај да бидат на површината, препуштени на милост и немилост на брановите додека се обидуваат да стасаат до британскиот брег.