
Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија, напиша на „Фејсбук“ градоначалникот на Тетово oд партијата БЕСА, Билал Касами.
Неговата објава предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.
На националистичката реторика на тетовскиот градоначалник реагираше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски кој исто така е од Тетово. Тој вели дека Тетово е убав македонски град каде живеат различни народи, со различни култури и религии како богатство.
Објавата ја осудија од Либерално демократската партија.
„Најостро ја осудуваме скандалозната објава на лидерот на Беса и градоначалник на Тетово, Касами, во која на социјалната мрежа фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Македонија“, велат од партијата и додаваат дека Македонија е мултиетничка држава, а Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.