За Куба акустичните напади се политичка манипулација

Наводите за таинствените „звучни напади“ коишто кај американски дипломати на Куба предизвикале телесни нарушувања се „политичка манипулација“ за а се поткопаат кубанско—американските односи, изјави во саботата во Вашингтон кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез.

„Таканаречените акустични напади (…) се потполна лага“, изјави шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез, кој во моментов престојува во Вашингтон, нарекувајќи ги тие обвиненија „политичка манипулација чијашто цел е да им се наштети на билатералните односи“ на двете земји. Ваквите тврдења поттикна „нагло влошување на врските меѓу двете земји и двете влади“, додаде.

Американскиот Стејт департмент тврди дека 24 негови службеници на служба на Кубуна имале здравствени тешкотии поради „акустичните напади“. По откривањето на аферата во август годинава, американската администрација не сака официјално да ја обвини кубанската влада, но претседателот Доналд Трамп кон средината на октомври изјави дека Куба е „одговорна“, Велата куќа смета дека Хвана „може да ги спречи тие напади“.

Кубанците истакнуваат дека покажале добра волја кога оваа година трипати примиле иследници на американското Федералното истражно биро (FBI). Вашингтон, кој се оглуши на овие аргументи на Хавана, го повлече кон крајот на септември повеќе од половината од дипломатскиот персонал од Куба и протера 15 кубански дипломати од американска територија. Американските визи, исто така, на Куба не се издаваат речиси еден месец, што Хавана го оцени како „неоправдано“.

Бруно Мендез во саботата отиде подалеку, тврдејќи дека „без оглед на политичките разлики“ меѓу двете влади, „неприфатливо е и нечесно“ е тоа да се одразува врз мерките кои ги погодуваат државјаните на двете земји. Изрази жалење поради тоа што САД донеле „политички одлуки кои го загрозуваат кубанскиот народ“.

Најмалку 21 вработен во американската амбасада во Хавана и членови на нивните семејства наведоа дека имале здравствени тешкотии кои ги потврдиле лекарите, а некои морале да се вратат во САД поради лекување. Според синдикатот на американската дипломатија, овие „напади со звучно вознемирување“ предизвикале кај некои од жртвите „полесни оштетувања на мозокот“, „целосно губење на слухот“, но и „губење на рамнотежата, силна главоболка, пречки при спознание и отекување на мозокот“.

Причината за овие инциденти не е позната. Кубанскиот министер за надворешни работи кон крајот на септември на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека неговата земја не успеала да ја утврди „причината за здравствените проблеми на американските дипломатски функционери“, истакнувајќи дека Куба „нема докази“ дека навистина станува збор за звучни напади. Повика, исто така, случајот „да не се политизира“.

Се нагаѓа дека губењето на слухот би можело да ги предизвика некој вид уред кој емитува нечујни звучни бранови, а кој бил поставен во близина на домовите на дипломатите. Службениците почнале да се жалат на чудни симптоми кон крајот на минатата година. Иако не биле животно загорезен, одреден број од нив се вратени во САД. Според верзијата на Вашингтон службениците на амбасадата биле подложени на „нападите“ кон крајот на минатата 2016 година. Притоа тоа се случувало во разлини периоди и на различни места. Се истакнува дека поради тоа кај службениците се јавиле сериозни здравствени проблеми.