Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел ја нарече во средата моменталната епидемиолошка ситуација во земјата драматична и од идната влада побара продолжување на вонредната епидемиолшка состојба која дава правна основа за воведување мерки против пандемијата.
Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ во средата одново извести за нови рекордни показатели со 52.826 нови коронаинфекции. Тоа, според податоците на Институтот, е за 13.150 случаи повеќе отколку пред една седмица. Седумдневната инциденца пораснала на рекордната вредност 319,5. Починале уште 294 лица па вкупниот број починати во Германија од последиците на заразата се зголеми на 98.274 луѓе.
„Актуелната пандемиска ситуација во Германија е драматична. Четвртиот бран ја погоди нашата земја со сета сила“, изјави Ангела Меркел која ја извршува должноста претседателка на техничката влада обраќајќи се преку видео-линк до учесниците на конференцијата на Сојузот на германските градови.
Предупреди и на тоа дека веќе сега во регионите на земјата со висока инциденца не е можно да им се гарантира на сите заболени највисок степен на медицинска помош поради пренатрупаноста на интензивните оддели во болниците.
Меркел ги повека учесниците на состанокот на претставниците на сојузните и покраинските власти, кој ќе се одржи во четврток, да донесат конкретни решенија за земјата порешително му се спротистави на епидемискиот бран. Истовремено го критикуваше одолговлегувањето на одлуката за одржување на овој состанок.
„На вирусот потполни сеедно му е дали Германија се наоѓа во фазата на преод на власта или не“, рече Меркел алудирајќи на одлуката на Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која го води процесот на формирање на новата коалициска влада со зелените и либералите, и која долго време истрајуваше на тоа повеќе да не се одржува таквиот формат на состанокот, кој беше практика во текот на пандемијата на коронавирусот.
Меркел, која ќе ја извршува канцеларската должност до инаугурацијата на новата влада, од утрешниот состанок очекува воведување на индексот на оповареност на болниците како нов индикатор за воведување епидемиолошки мерки. Апелира, исто така, новото мнозинство во Бундестагот да не ја укинува ткн вонредна епидемиолошка состојба, мерка која беше воведена на почетокот од годината и која им овозможува на сојузните власти воведување антипандемиски мерки кои важат во сите сојузни покраини.
Новата најверојатна идна германска влада составена од социјалдемократите, зелените и либералите следната седмица,, според најавите, ќе ја укине вонредната состојба и како замена ќе воведе промена на законот за борба против заразите што би овозможило воведување поблаги мерки.
Истовремено Постојаната комисија за вакцини најавува носење препорака за дополнителното вакцинирање со ткн „бустер“ дозата, за сите граѓани повозрасни од 18 години. Лекарските здруженија се противат на тоа и бараат одредување на приоритетни групи и укажуваат на тоа голем дел од популацијата повозрасните од 60 година сѐ уште не ја примиле дополната доза на вакцината против коронавирусот.