За наградата „Милан Младеновиќ“ и Констракта ја бара наследничката на Дина Јашари

Задужбина на Милан Младеновиќ објави дека на 1 мај е отворен конкурсот за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија, за наградата која го носи името Милан Младеновиќ – легендарниот водач на белградската група „Екатарина Велика“. Конкурсот (по правилото: еден автор – една песна) е отворен до 31 мај 2023-та година. Задужбината им препорачува на кандидатите да обрнат посебно внимание и на текстот и на музиката.

„Лично, многу внимавам на текстот и на темата што е избрана и на начинот на кој тој текст е поткрепен со музика: што е аранжман, што е драматично, што е продукција, што е жанр“, вели Ана Ѓуриќ Констракта, една од членовите на стручното жири.

Секоја година жирито е регионално. Оваа петта година, освен Констракта, членуваат и авторката и уредничка на емисијата „Бунт“ Бранка Главоњиќ (Србија), музичарот Борис Лејнер (Хрватска), музичарот Зоран Предин (Словенија) и писателот и музичар Марко Шелиќ Марчело (Србија).

Сите тие се вклучени во потрага по наследничка на македонската пејачка Дина Јашари, која престижната награда ја доби лани, за песната „Дома“.
Повеќе инфо околу конкурсот и наградата ќе ги најдете на официјалната интернет страница на Задужбина на Милан Младеновиќ.

Милан Младеновиќ секако е една од најзначајните фигури на регионалниот рокенрол, бидејќи успешно го пренесе книжевниот модел на романтичен поет, загрижен за судбината на светот, всадувајќи го длабоко во домашната рок иконографија. Групата Екатерина Велика, така судбински стана дел од општата уметничка бохемија на 20 век, тоа верување во проклетството на уметниците, кое на свој начин уби доволно сликари и поети пред нив, дури и на нашите простори. И тоа е целата вистина за нив, надвор од музиката… Од друга страна, останува само музиката, бидејќи сето тоа немаше да функционира доколку Милан не пееше толку опасно и не свиреше на гитара толку добро; ако Маги не беше толку смела на клавијатурите и добар аранжер од сенка; доколку Бојан не ги свирел тие мелодии на бас; доколку не секогаш имале одлични тапанари…

Од денешна перспектива, јасно е – во сето тоа совршено свирење на целиот бенд, во неверојатната страст за пеење на Милан, се криеше сериозна намера: Екатерина Велика беше сон за поинаква мејнстрим култура во Југославија, пред сè поцивилизирана.

Нивната музика е сведоштво дека беше можно…