За неносење маска се плаќа казна или се лежи една минута во мртовечки ковчег

42

Индонезијците кои одбиваат да носат заштитни маски заради спречување на ширењето на коронавирусот во Џакарта, можат да бираат да платат казна од 17 долари или една минута да лежат во мртовечки ковчег.

Индонезиските власти воведоа необична казна за оние кои не сакаат да носат заштитна маска како превенција против ширењето на коронавирусот и опасните последици кои со кои можат да го загрозат останатото население.

„Помислете на она што се случува ако добиете ковид-19“, порачува во видео-спотот еден официјален застапник кој лежи во отворен ковчег за мртовци.

Градските власти поставија и лажни мртовечки сандаци и покрај нив плочи на кои го пишува бројот на заразеи за луѓето да се потсетуваат на последиците од непочитувањето на задолжителното носење маски.

Индонезија има над 180.000 заразени од коронавирусот и над 7.600 починати од истиот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.