Собранискиот спкер Талат Џафери, за во среда во 11 часот ја закажа седницата за избор на нови министри откако во неделата попладнето од Владата го доставија предлогот со имињата.
Во предлогот кој е објавен на интернет страницата на парламентот, е наведено дека за членови на Владата се предложени следните кандидати: Заев за министер кој ќе раководи со министерството за финансии, Трајан Димковски за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Милевски за министер за локална самоуправа, Хусни Исмаили за министер за култура и Насер Нуредини за министер за животна средина. Со новото министерство за политички систем се предлага Садула Дураку.
Од Собрането велат дека не постои временско ограничување по деловник и Устав колку време ќе трае расправата.