За ова Кристијано Роналдо ѝ раскинал на Ирина Шајк по петгодишната врска

Славниот фудбалер Кристијано Роналдо и убавата руска манекенка Ирина Шајк беа во 5-годишна љубовна врска, која ненадејно „пукна“ во 2015 година, оставајќи ги сите во чудо.

Имено, во јавноста никогаш не излезе на виделина причината за раскинувањето, а се шпекулираше дека Кристијано не сакал да се ожени со манекенката, додека, пак, таа го притискала да се земат.

Меѓутоа, неодамна, пет години подоцна, повторно се појави вест за причината за раскинувањето на славната двојкa.
Имено, се зборува дека Роналдо не можел да ѝ прости на Русинката за тоа што не се појавила на 60-от роденден на неговата мајка, која по тој повод направила голема забава. Тоа го навредило фудбалерот, кој не сакал неговата мајка и слаба точка во животот да биде повредена и одлучил да прекине да се гледа со светски познатата манекенка.