За предметот „Маџар Телеком“ осудени се три лица

Основниот кривичен суд Скопје во вторникот ја објави првостепената пресуда за предметот „Маџар Телеком“ против три лица, од кои двајца се унгарскии а еден е германски државјанини, на коишто им се судеше во отсуство бидејќи не се достапни за македонските органи на прогон.

Тројцата обвинети се прогласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата. Поранешните високи функционери во компанијата беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.

Секој од обвинетите доби по 8 години затворска казна. Воедно, обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата во висина од 67.407.760 денари за Македонија, како и судските трошоци за постапката.