За прв пат, девојка го фати крстот во Ново Село, Штип

Триесет и едногодишната Борислава Васкова го фати Светиот крст во реката Брегалница во Ново Село. Во последните три-четири децении, Штип не памети девојка да се пријавила, уште повеќе да го фати крстот. Но, настанот помина со недорабзирање, бидејќи само што го фати крстот, истиот и беше одземен од друго момче, што беше причина да реагираат и свештените лица.

За среќа, преовлада разумот, па крстот беше вратен на младата Васкова која посака вработување, здравје и љубов. Таа доби бројни подароци а од градоначалникот на Штип.

На градскиот базен, најбрз беше Методи Пеливанов. Овој 31-годишен штипјанец, татко на две деца, по втор пат го фаќа крстот.

reka4